• недела, 20 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Реџепи: Чаир е 19. на републичко ниво и шеста во Скопје по бројот на бесправни градби

Реџепи: Чаир е 19. на републичко ниво и шеста во Скопје по бројот на бесправни градби

Скопје, 5 јуни 2025 

Во Република Северна Македонија се евидентирани вкупно 203 илјади бесправни објекти, според официјалните податоци потврдени од 80 општини на републичко ниво. Директорот на Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво, Зухејр Реџепи, изјави за весникот “Лајм” дека општина Чаир се рангира на 19-тото место на републичко ниво, со вкупно 3.158 бесправни објекти, додека во рамките на Град Скопје, таа е на 6-тото место од вкупно 10 општини.

На врвот на листата на републичко ниво по број на бесправни градби се наоѓаат Гази Баба (10.934), Гостивар (8.878) и Прилеп (8.500).

„Ова е проблем што не е ограничен само на една одредена општина, туку станува збор за прашање со републички размери“, истакна Реџепи, додавајќи дека податоците се обработени табеларно со цел да се добие јасна слика за секој град поединечно.

ВЛЕН 

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан