• вторник, 24 декември 2024

Реџепи: В понеделник ќе разјаснам сè, Беса да не презема избрзани чекори

Реџепи: В понеделник ќе разјаснам сè, Беса да не презема избрзани чекори
Скопје, 12 ноември 2021 (МИА) - Пратеникот на Движењето Беса, Кастриот Реџепи, денеска преку својот фесјбук-профил најави дека в понеделник ќе се појави пред новинарите за да разјасни што се случило со неговото вчерашно непојавување во Собранието, каде што требаше да се гласа за доверба на Владата. Тој ја повика неговата партија, Движењето Беса, да не презема избрзани чекори кои ќе им нанесат штета на партиските структури и активисти. - Почитувани пријатели и семејство, без разлика на вашите политички убедувања. Ви благодарам за грижата и поддршката што ми ја давате. Следниве денови ќе имаме можност подиректно да се информираме за сè. Во однос на медиумите и интересот, ги разбирам и ги информирам дека моето прво појавување пред јавноста ќе биде в понеделник преку прес-конференција. На крајот апелирам до раководството на Движењето Беса да не презема избрзани чекори, кои ќе им наштетат на нашите структури и активисти. Треба да се постапува внимателно, напиша Реџепи. фф/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан