• вторник, 24 декември 2024

Речиси 300 познати француски личности ги поддржаа демонстрациите против пензиската реформа

Речиси 300 познати француски личности ги поддржаа демонстрациите против пензиската реформа

Париз, 23 март 2023 (МИА) - Речиси 300 француски истакнати личности, меѓу кои актерката Жилиет Бинош и режисерот Седрик Клапис, денесак во отворено писмо во дневниот весник „Либерасион“ се изјаснија против пензиските реформи, придружувајќи ѝ се на нобеловката Ана Ерно, која своето противење веќе го изрази во јануари.

Би-би-си пренесува дека нивната оценка е дека реформата е неправедна и неефикасна.

Потписниците на отвореното писмо истакнаа дека знаат дека не може да се работи подолго кога има се поголем број невработени, во небезбедни услови и ризик да починат пред да стигнат до пензија.

„Господине претседателе, се солидаризираме со оние кои штрајкуваат и демонстрираат со добра причина против овој неправеден и ненароден закон“, потенцираат потписниците.

Француската премиерка Елизабет Борн минатата недела искористи специјална уставна процедура за да го протурка без гласање во парламентот непопуларниот предлог-закон за пензиски реформи со кој ќе се зголеми старосната граница за целосна пензионирање за две години, од 62 на 64 години.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера соопшти дека законот ќе стапи на сила до крајот на годината, и покрај зголеменото незадоволство низ целата земја. сд/

Остани поврзан