Речиси сите семафори во општина Аеродром вратени во функција по невремето
- Речиси сите семафори на територија на општина Аеродром, кои не работеа по синоќешното невреме, се вратени во функција. На тие точки, ноќта биле мобилизирани полициски службеници кои го регулирале сообраќајот за безбедност на граѓаните.
Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Речиси сите семафори на територија на општина Аеродром, кои не работеа по синоќешното невреме, се вратени во функција. На тие точки, ноќта биле мобилизирани полициски службеници кои го регулирале сообраќајот за безбедност на граѓаните.
- Кризниот штаб на Општина Аеродром е во постојано заседавање, а утрово одржа и итен состанок по вчерашното невреме кое нанесе материјална штета, а голем дел од аеродромци останаа и без електрична енергија поради паднат далновод на „ЕВН“. Во моментов, дефектот е саниран и напојувањето со електрична енергија е нормализирано на целата територија на Аеродром, стои во објавата на официјалната страница на Општина Аеродром на Фејсбук.
На денешниот состанок била донесена одлука сите урбани заедници да испратат информации за состојбата на терен, а Кризниот штаб ќе биде во постојана комуникација со сите надлежни институции за што побрзо отстранување на последиците од обилните врнежи.
- Кризниот штаб апелира до аеродромци на внимателност и во текот на денешниот ден поради најави од повторно невреме. Мобилните екипи во соработка со полицијата се во целосна подготвеност да интервенираат доколку има потреба од тоа, се додава во објавата на Фејсбук. бд/бак/
Фото: МИА архива