Реформата на миграциската политика на ЕУ е најдобриот можен компромис за Италија, тврди италијанскиот министер Пјантедози
- Реформата на миграциската политика на ЕУ е најдобриот можен компромис за Италија, пренесоа агенциите, цитирајќи го италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедози.

Рим, 10 април 2024 (МИА) - Реформата на миграциската политика на ЕУ е најдобриот можен компромис за Италија, пренесоа агенциите, цитирајќи го италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедози.
Овој компромис ги зема предвид приоритетните потреби на Италија, која е на првата линија на миграциските текови, нагласи министерот.
Грција, која исто така е на првата линија на миграциските текови, веќе го поздрави усвојувањето на пактот за миграциската реформа. рп/
Фото: ЕПА