• сабота, 22 февруари 2025

Ретклиф му забрани на Рашфорд да премине во тим од Премиер лигата

Ретклиф му забрани на Рашфорд да премине во тим од Премиер лигата

Манчестер, 16 јануари 2025 (МИА) - Косопственикот на Манчестер јунајтед, Џим Ретклиф, лично го блокираше трансферот на напаѓачот Маркус Рашфорд во друг клуб од Премиер лигата.

Претходно во јануари се појави информација дека Тотенхем и Вест Хем сакаат да го земат Англичанецот на позајмица во вториот дел од сезоната. Фудбалерот беше поврзуван и со Челзи.

И додека Јунајтед е подготвен да се раздели со Рашфорд, Ретклиф не е подготвен да му дозволи на 27-годишниот напаѓач да им се приклучи на нивните ривали од Премиер лигата, тврди „Дејли стар“.

Англичанецот одбил понуда од клуб од Саудиска Арабија. Сега Маркус е принуден да бара нов тим во Европа, а меѓу заинтересираните за него се Барселона, Борусија Дортмунд и Милан. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан