• вторник, 24 декември 2024

Ретка снимка со три единки од загрозен вид леопарди на Борнео

Ретка снимка со три единки од загрозен вид леопарди на Борнео

Џакарта, 12 јyни 2024 (МИА) - Поради човечките дејствија и климатските промени, сè повеќе животински видови се на работ на истребување... Но, повремено се јавува и трага на надеж дека не е сè толку мрачно.

Организацијата за заштита на природата, „Фондација Орангутан“ успеа првпат во историјата да сними цело семејство од загрозениот вид леопарди Сунда (Neofelis diardi borneensis) од Борнео. Фондацијата, имено, поставила затскриени камери во Националниот парк „Танјунг Путинг“ на островот Борнео, па една камера сними женка Сунда како шета низ тропската шума со своите две младенчиња.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Orangutan Foundation (@orangutan_foundation)

Според „Лајв сајенс“ (Live Science), претходните снимки од областа покажуваа единки од овој загрозен вид, но ова е првпат цело семејство да биде фатено на снимка. Тоа нуди малку поголема надеж за преживување на леопардот Сунда како вид.

Според Светската организација за заштита на природата, овие леопарди се поделени на два подвида, од коишто едниот се наоѓа на Борнео, а другиот на Суматра. Овие големи мачки имаат карактеристично жолтеникаво-кафеаво крзно со неправилни црни кругови што наликуваат на облаци и се спојуваат во двојни ленти на вратот. Овие тн. облачни леопарди се вешти ловци со флексибилни зглобови, коишто можат да се ротираат за 180 степени, што на пр., им го олеснува и спуштањето од дрвјата... Тие се најголемите мачки во Борнео и обично се хранат со мајмуни, глодари и со други мачки.  

Фото: Википедија

Остани поврзан