• среда, 25 декември 2024

Републиканските донатори ветуваат милиони долари за кампањата на Трамп

Републиканските донатори ветуваат милиони долари за кампањата на Трамп

Вашингтон, 31 мај 2024 (МИА) – Водечките републикански донатори застанаа на страната на Доналд Трамп ветувајќи му поддршка од милиони долари во трката за претседател на САД.

Поротата во Њујорк синоќа го прогласи Трамп за виновен за фалсификување документи за да ги прикрие исплатите на порно ѕвезда пред изборите во 2016 година.

Помеѓу донаторите кои синоќа го поддржаа Трамп се и казино милијардерката Миријам Аделсон и хотелиерот Роберт Бигелоу. Пресудата, исто така, поттикна некои долгогодишни донатори на Трамп да ја зголемат својата финансиска поддршка.

За Бигелоу, еден од најголемите поддржувачи на Трамп, кој веќе има дадено повеќе од девет милиони долари, истакна дека кривичната постапка против Трамп е „срамна“. Тој синоќа донираше пет милиони долари.

Инвеститорот од Силиконската долина Шон Мегваер на социјалната мрежа Икс објави дека по пресудата донирал 300.000 долари за кампањата на Трамп. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан