• петок, 08 ноември 2024

Републиканска конгресменка поднесе барање за отповикување на Бајден

Републиканска конгресменка поднесе барање за отповикување на Бајден
Вашнгтон, 23 август 2021 (МИА) - Републиканската конгресменка Марџори Тејлор Грин поднесе три резолуции за отповикување на американскиот претседател Џо Бајден бидејќи „ги занемалрил должностите во Авганистан“, но и поради „кршење на имиграциските закони“ и предизвикување на безбедносна криза, како и поради узурпирање на надлежностите на Конгресот и игнорирање на одлуките на Врховниот суд. Тејлор Грин го обвинува Бајден дека ја занемарил својата должност бидејќи не успеал да обезбеди евакуација на повеќе илјади американски цивили и државјани на Авганистан, соработници на Американcите откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан. Таа го обвинува Бајден за вооружување на непријателите на САД со американска воена опрема и оружје. - За само седум месеци Џо Бајден придонесе Америка да ја изгуби почитта од целиот свет. Доказите се јасни, а неговите потези се невидени поради то тој мора да поднесе оставка, посочи Тејлор Грин. Таа и во јануари, само еден ден откако Бајден положи заклетва, поднесе барање за негово отповикување. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан