• петок, 05 декември 2025

Репрезентативецот Митревски во новата сезона во дресот на Пелистер

Репрезентативецот Митревски во новата сезона во дресот на Пелистер

Битола, 3.септември 2025 (МИА) - Македонскиот репрезентативец Андреј Митревски е нов член на КК Пелистер. Митревски важи за еден од најперспективните домашни играчи во националното првенство. 

Репрезентативниот бек своите квалитети ги покажа и во претквалификацискиот циклус за СП 2027 каде беше меѓу ретките светли точки во македонскиот национален тим, со просек 10,3 поени; 2,5 скокови и 2 асистенции по натпревар.

Митревски во досегашната кариера го носеше дресот на прволигашот Феникс, а во една сезона настапуваше и како „позајмен“ во ТФТ во Првата лига.

За услугите на овој кошаркар, имаше и интерес од неколку клубови од американската НЦАА-лига.    мн/

Фото: Фејсбук МКФ

Остани поврзан