Реновирано Интерното одделение на Општата болница во Охрид
- Зафатот опфаќа осовременување на болничките соби, работните простории, кабинетите, санитарните јазли и замена на надворешната столарија на објектот.

Охрид, 19 февруари 2025 (МИА) – Со сопствени средства и дел донации целосно е реновирано Интерното одделение во Општата болница во Охрид.
Зафатот опфаќа осовременување на болничките соби, работните простории, кабинетите, санитарните јазли и замена на надворешната столарија на објектот.
Интерното одделение при ЈЗУ Општа болница го карактеризира висока фрекфенција на пациенти како од градот така и од регионот, кои добиваат амбулантска и интрахоспитална нега.
„Преку реализација на овој проект се подобруваат квалитетот на здравствените услуги и условите за работа, се намалува ризикот за интрахоспитални инфекции и се зголемува енергетската ефикасност“, посочуваат од ЈЗУ „Општа болница – Охрид“.
Вкупната вредност на проектот за реновирање на објектот изгаден во 1978 година изнесува 4.5 милиони денари. аб/дма/
фото: ЈЗУ Општина болница Охрид