• среда, 19 февруари 2025

Рене Зелвегер со совети за познанствата и состанувањето по 30-та година од животот

Рене Зелвегер со совети за познанствата и состанувањето по 30-та година од животот

Лос Анџелес, 14 февруари 2025 (МИА) - Запознавањето момче или девојка после 30-годишна возраст може да биде вистински предизвик. Многумина тогаш се соочуваат со притисок од околината, недостаток на можности за познанства и чувството дека сите „добри кандидат(к)и“ се веќе „зафатени“.

Претставувањето кон некого, без разлика дали лично или преку апликација за познанства, понекогаш е застрашувачко. Тука, главното прашање е: Како да се почне разговор со некој што Ви се допаѓа, но да останете опуштени и автентични?

Глумицата Рене Зелвегер, која ја повторува својата насловна улога во „Бриџит Џонс 4: Луда по него“ (Bridget Jones: Mad About The Boy), се обиде да одговори.

- Искреноста и самодовербата се навистина привлечни. Кога некој ќе Ви пријде и ќе Ви каже: Здраво, мислам дека си навистина интересна или навистина симпатрична и би сакал да разговарам со тебе - тоа е нешто што е едноставно неодоливо, кога некој е автентично свој, рече глумицата.

Нејзиниот колега и партнер во филмот, Лео Вудал се огласи со дополнителни совети, коишто и според Рене, се „многу корисни“, исто така.

- Подгответе се за отфрлање. Ако не си подготвен за можноста да бидеш одбиен, тогаш немаш шанса, рече тој.

Тајмингот, се чини, често е клучен. Многумина ги споделија своите совети и на социјалните мрежи.

„Само затоа што некој е одличен - не значи дека е одличен за вас. Обидете се да изгледате одлично, но не претерувајте со пораките. Нека ви се јави тој“; „Мојот миг на просветлување од 2021 година: Неодговарањето е исто така одговор“; „Хемијата и компатибилноста се важни, но можеби уште поважно е да се фати вистинскиот момент“ - гласат дел од коментарите. си/рп/

Фото: ИМДБ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан