• вторник, 24 декември 2024

Ремонт на Блок 1 во РЕК Битола

Ремонт на Блок 1 во РЕК Битола
Скопје, 4 октомври 2022 (МИА) - Во РЕК Битола во тек е ремонт на Блок 1 кој е предвидено да заврши до 15 октомври, соопшти денеска АД ЕСМ. -Поради енергетската криза во државата и Европа, ремонтите на блоковите во РЕК Битола годинава ќе бидат изведени за помалку од 30-тина дена, место вообичаените 45 и повеќе. Фокусот е ставен на највиталните делови од постројките кои после техничко-технолошкото освежување треба да обезбедат стабилност на производството, стои во соопштението. Од АД Електрани на Северна Македопнија посочуваат дека ќе следуваат исти активности и на Блок 2. Во меѓувреме се очекува да пристигне трансформаторот за Блок 3, по што РЕК Битола, како што се наведува, би продолжил со работа со полн капацитет. мд/бак/

Остани поврзан