Рекорден број повици од постоењето на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112
- Кон полицијата биле упатени 40,51 отсто, кон Итната медицинска помош - 17,61 процент, a кон пожарникарите - 15,21 отсто од реалните повици, се наведува во соопштението.

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), изминатото деноноќие бележи рекорден број повици од своето постоење. Евидентирани се вкупно 3.159 повици, а од нив, како реални биле категоризирани 59.32 отсто, соопштија утрово од ЦУК.
- Кон полицијата биле упатени 40,51 отсто, кон Итната медицинска помош - 17,61 процент, a кон пожарникарите - 15,21 отсто од реалните повици, се наведува во соопштението. бд/бак/
Фото: МИА архива