• вторник, 19 ноември 2024

Рекордни 229,5 милиони евра испратиле албанските емигранти во второто тромесечие

Рекордни 229,5 милиони евра испратиле албанските емигранти во второто тромесечие

Tирана, 12 септември 2023 (МИА) - Централна банка на Албанија објави дека во второто  тромесечје од годинава депозитите од албанските емигранти изнесувале 229,5 милиони евра, што е за 37 милиони повеќе споредено со истиот период минатата година.

Пред овој, квартал со најголеми девизни текови е последниот квартал од 2022 година со околу 241,7 милиони евра.

Вкупно, лани дознаките на имигрантите достигнале рекордни  1,1 милијарда евра. 

Тие сочинуваа 10 отсто од бруто домашниот производ(БДП) или колку што изнесувале директните странски инвестиции.

Централна банка констатира дека високите нивоа на дознаки, заедно со странските директни инвестиции и приливот на средства од туризмот,  се главните фактори за силната девалвација на странските валути, посебно на еврото. 

Депозитите на албанските емигранти, кои главно работат во еврозоната, остануваат значаен избор на приходи за економијата на Албанија.

Тие и понатаму, за илјадници семејства, претставуваат главен извор на приход, кој ја ублажува сиромаштијата и социјалните проблеми. вт/

Фото: Централна банка 

Остани поврзан