Рекорден интерес за билети за Мундијалот во Катар
- Бројот на продадени влезници за Светското фудбалско првенство во Катар, по завршување на втората фаза од продажбата, изнесува 1.2 милиони билети, соопшти денеска генералниот секретар на Орган

Доха, 22 јуни 2022 (МИА) – Бројот на продадени влезници за Светското фудбалско првенство во Катар, по завршување на втората фаза од продажбата, изнесува 1.2 милиони билети, соопшти денеска генералниот секретар на Организацискиот одбор Хасан Ал-Тавади.
- Мислам дека побарувачката е рекордно висока. Луѓето купуваат (влезници) и се радуваат на доаѓањето, рече Ал – Тавади во говорот на катарскиот економски форум во Доха.
Здружението на навивачи претходно изразија загриженост поради високите цени на авионските билети и хотелското сместување, како и поради почитувањето на човековите права во Катар.
- Се обидуваме да создадеме опкружување во кое економијата има корист, но тоа да биде исплатливо и достапно за навивачите, што не е секогаш лесно да се избалансира, посочи Ал-Тавади. ег/паг/