• сабота, 23 ноември 2024

Реконструкција на улици во рурално и урбано подрачје во Куманово

Реконструкција на улици во рурално и урбано подрачје во Куманово

Куманово, 24 февруари 2024 (МИА) - Почна реконструкцијата на улицата „Козајчка“ во кумановското село Доброшане. Од Општина Куманово соопштија дека од буџетот ќе бидат одвоени скоро три милиони денари (2.872.843) за санација на улицата во населбата каде се сместени индустриски капацитети.

Претходно, во јануари во ова населено место беа асфалтирани улиците „Студена вода“ и „Белановска“. Асфалтирањето на улицата „Студена вода“ се реализираше како како дел од планот за одржување на јавните патишта во Општина Куманово за 2023 за која од општинскиот буџет одвоени се 1.954.717 денари. За улицата „Белановска“ одвоени се 25 милиони денари. Во Доброшане ќе се гради и спортско игралиште, проектот е веќе подготвен и одобрени се 15 милиони денари во буџетот за 2024-та како и во развојната програма.

Во тек е реконструкција на улица „Егејска Македонија“ во гурсто населено урбано подрачје. Предвидено е асфалтирање и поставување на ивичници. На оваа улица беше заменета водоводната мрежа, за која општината одвои над 1, 1 милиони денари и поставена е нова гасоводна мрежа.Реконструкција се реализира како дел од „План за одржување на јавните патишта во Општина Куманово за 2023 година“ која ја донесе Советот во јануари 2023. За оваа улица општината одвои скоро, 2, 4 милони денари. ам/фф/

Фото: МИА и Општина Куманово

Остани поврзан