• сабота, 06 декември 2025

Реконструкција на улица „2“ во населба Илинден

Реконструкција на улица „2“ во населба Илинден

Скопје, 14 август 2024 (МИА) - Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура - изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта се изврши комплетно асфалтирање на дел од улица „2“ во населба Илинден, информираат од Општина Илинден.

Со вградување нов асфалтен слој на дел од улица „2“ во должина од 520 метри и широчина од 6,5 метри, велат, се реализирала реконструкцијата на главниот влез на општината како и најфреквентен сообраќаен патен правец во населба Илинден.

-Со активностите беше опфатено целосно вадење на стариот асфалт, реконструкција на најоштетените делови од делницата, санација на споевите на улицата и надвозникот, како и вградување на нова асфалтна површина. На овој потег, претходно беше изградена пешачка патека во должина од 450 метри, се вели во соопштението од Општина Илинден. 

Градоначалникот Александар Георгиевски, истакнал дека реализацијата на овој проект е од особено значење бидејќи улицата е главна сообраќајна артерија во општината и е од круцијално значење за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во населбата и општината.

Средствата за реализација на овој проект се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден, а Општината, како што велат, ќе продолжи со ваквите проекти кои се од особено значење за сите граѓани. сст/дма/

Фото :Општина Илинден

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан