Реконструкција на локалниот пат во село Бохула
- Реконструкцијата на локалниот пат во село Бохула е во завршна фаза, информираа од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Кавадарци, 26 јули 2022 (МИА) - Реконструкцијата на локалниот пат во село Бохула е во завршна фаза, информираа од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Денеска ќе се заврши асфалтирањето во должина од 450 метри. Изведувач на работите е компанијата „Градба промет“, соопштија од кабинетот на Јанчев.
Додаваат дека завршена е и реконструкцијата на фекална канализација во село Раец. свд/цр
