• сабота, 06 декември 2025

Реконструирана улицата „Вељко Влаховиќ“ во Делчево по повеќе од четири децении

Реконструирана улицата „Вељко Влаховиќ“ во Делчево по повеќе од четири децении

Делчево, 13 септември 2025 (МИА) – По повеќе од четири децении, целосно е реконструирана улицата „Вељко Влаховиќ“ во населбата Милково Брдо во Делчево, во должина од 650 метри.

Вкупната вредност на проектот изнесува 7,28 милиони денари, а изведувач на градежните работи беше фирмата „СД Транс“ ДООЕЛ.

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, истакна дека проектот е од исклучително значење за жителите на Милково Брдо, кои по долги години добиваат современа и безбедна сообраќајница.

-Со реконструкцијата на улицата ‘Вељко Влаховиќ’, по повеќе од 40 години, покажуваме дека сме посветени на унапредување на локалната инфраструктура и создавање подобри услови за живот. Нашата цел е да продолжиме со реализација на капитални проекти што директно влијаат врз секојдневието на нашите сограѓани, Трајковски.

Со оваа инвестиција, Општина Делчево, како што додава градоначалникот, уште еднаш го потврдува континуираниот ангажман за подобрување на квалитетот на живот и развој на урбаната средина. вс/сст/

 


Фото: Општина Делчево

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан