• понеделник, 23 декември 2024

Реисот Шаќир Фетаи упати порака по повод Курбан Бајрам

Реисот Шаќир Фетаи упати порака по повод Курбан Бајрам
Скопје, 8 јули 2022 (МИА) - Поглаварот на Исламската верска зедница Реис ул улема ефенди Шаќир Фетаи упати порака по повод празникот Курбан Бајрам. Фетаи во пораката вели дека Курбан Бајрам е празник резултат на радоста за формирање на средина за жртвување на најскапоценото, од која произлегува љубовта кон Аллах, посветеноста на човештвото, хуманоста, моралот, мирот и достоинството. - А исто време Курбан Бајрам не учи како да се бориме против сиромаштијата, скудноста, дискриминацијата, убивањето, војната, аморалот и други, кои се најлошите особини што можат да му се случат на човештвото. Сето тоа доаѓа од падот на свеста за жртвување на најскапоценото нешто за Бога и за доброто на човекот. Да се изврши Божји заповед, - колењето на курбан, значи висока духовна и морална подготовка за да им служиш на другите за едно живеење без злоупотреба, кражба, корупција, неморал, деструктивноста и да бидеш достоинствена личност за да ја носиш светата доверба во семејството и општеството со одговорност и жртвување на труд, знаење и чест, само за една цел, остварување на Аллаховиот идеал кој го движи протокот на доброто во текот на човечкиот живот, вели Шаќири. Фетаи во пораката посочува дека празникот Курбан Бајрам е празник кој муслиманите го доживуваат со срце и душа, бидејќи не потсетува на многу настани од исламската историја, а еден од нив е завршување на објавата на Светиот Куран, со кој еднаш засекогаш биле поставени основите на усовршувањето на индивидот, семејството и здравото општество. - Овој пат нашата радост во оваа прослава е уште поголема затоа што во овие денови, на светите места во благословената Каба, во Арефат, Музделифе, Мина, по две години, со висока свест и убедливо верување, околу еден милион аџии го обавуваат петтиот Исламски столб, Хаџ, одговарајќи на Аллаховиот повик, со зборовите: Леб-бејк Ал-лахум-ме Леб-бејке... „Ти одговорам Господе, ти одговорам“. Во овие денови на празнувањето на Курбан Бајрам, верникот на дело ја докажува својата вера, одделувајќи се од своето богатство за да го коли својот курбан, како посветување кон Создателот, и не потсетува на подготвеноста на Ибрахим а.с. за да го жртвува својот син Исмаил, поради исполнување на ветувањето дадено на Семоќниот Аллах. Ова му дал на дознаење човештвото дека Божјата помош пристигнува тогаш кога човекот е спремен сите свои физички и духовни потенцијали за жртвување на најмилото и најскапоценото нешто во неговиот живот во служба на Создателот. Врвно посветување кон Бога со се што имаш, претставува висока свест за менување на светот кон воздигнувањето на човекот, кој е најголемата вредност што Бог го создал во земјата, посочува Фетаи во пораката. - На овој голем празник, Курбан Бајрам, од се срце и душа, во име на ИВЗ на РСМ и во мое лично име на сите верници во земјата и странство, им упатувам искрени честитки, молејќи се на Семоќниот Алах да ги прифати нашите молитви, нашите курбани, хаџ-џот од аџиите кои го обавуваат во овие свети денови, како и сите наши ибадети извршени во овие благословени денови. Нека биде овој празник наша радост, почит еден кон друг, зближување со другите, зголемување на радоста и задоволството на сиромашните, на оние кои имаат тешкотии во животот, простувањето, мирот и солидарноста и приближувањето до задоволството. на Семоќниот Аллах. Бајрам Мубарек Олсун!, наведува во честитката Реисот, Фетаи. фф/лв/ https://www.youtube.com/watch?v=cABEDzKxivA

Остани поврзан