• вторник, 24 декември 2024

Реина сака да оди во ПСЖ

Реина сака да оди во ПСЖ
Рим, 14 мај 2020 (МИА) – Шпанскиот голман Пепе Реина сака кариерата да ја продолжи во Пари Сен-Жермен. Според „Фут Меркато“, 37-годишниот Шпанец е подготвен да стане втор избор во тимот од Париз. Претходно се појавија информации дека Милан е подготвен да се раздели од Реина со цел да се растоварат трошоците за плата. Неговата плата сега е три милиони евра годишно. Од јануари, Реина е на позајмица за Астон Вила. На шест натпревари од шампионатот на Англија, Реина прими 13 голови. зс/

Остани поврзан