Резников: Формирана коалиција од 11 земји за обука на пилоти на Ф-16
- Формирана е коалицијата за обука на Ф-16 за украинските воздухопловни сили! Денеска 11 земји партнери и Украина потпишаа меморандум, напиша Резников на Твитер.

Киев, 11 јули 2023 (МИА) - Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников денеска објави формирање на коалиција од 11 нации за обука на своите пилоти во борбени авиони Ф-16.
-Формирана е коалицијата за обука на Ф-16 за украинските воздухопловни сили! Денеска 11 земји партнери и Украина потпишаа меморандум, напиша Резников на Твитер.
Во оваа коалиција влегуваат Велика Британија, Канада и европските земји. мс/
фото: МИА архива