• недела, 28 јули 2024

Резников: Пилотот кој го бомбардираше театарот е чудовиште

Резников: Пилотот кој го бомбардираше театарот е чудовиште
Киев, 17 март 2022 (МИА) - Министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников изјави дека пилотот кој го бомбардираше театарот што се користеше како засолниште за цивили во Мариупол е „чудовиште“. Обраќајќи се пред Европскиот парламент преку видео врска, Резников рече дека пилотот ја фрлил бомбата и покрај тоа што со големи букви било испишано „деца“ од двете страни на зградата. Не е познато колку луѓе го преживеале нападот. „Веројатно веќе сте слушнале дека театарот беше погоден со ракети, театар во кој се засолниле 1.200 жени и деца. А, на мапите, од дроновите, може да се види дека околу театарот со големи букви пишува 'деца', а сепак, и покрај тоа, чудовиштето фрли бомба врз театарот“, рече Резников. паг/  

Остани поврзан