• сабота, 23 ноември 2024

Ред Бул чкртачки настан со Бреинстер и Бреинстер Некст колеџ

Ред Бул чкртачки настан со Бреинстер и Бреинстер Некст колеџ

Скопје, 14 март 2023 (МИА) - Едукативно-технолошката организација Бреинстер, Бреинстер Некст колеџот и Ред Бул во сабота, 18 март, ќе организираат настан по чкртање во живо, кој е дел од глобалниот натпревар „Red Bull Doodle Art“. Како што соопштија од „Бреинстер“, за најдобрите следуваат награди, како патување во Амстердам на финалниот натпревар и ваучери за учење дизајн.

Настанот, кој е дел од соработката меѓу Бреинстер и Ред Бул ќе се одржи во просториите на оваа едукативно-технолошката организација. Натпреварот, всушност во земјава се враќа по пауза од шест години, а натпреварувачите, покрај можноста да цртаат на ваквите креативни настани, своите креации може да ги пријавуваат и онлајн. „Red Bull Doodle Art“ е глобален натпревар во цртање/креирање на чкртаници кој се одржува во 60 држави, а од секоја се избира по еден национален уметник-претставник што ќе учествува на глобалното финале кое ќе се случи во мај оваа година во Амстердам, Холандија.

-Ова е одлична можност за креативците бидејќи е глобален натпревар кој ја прикажува неверојатната креативност и талент на младите уметници од целиот свет. „Red Bull Doodle Art“ не е само платформа за новите уметници преку која тие ги покажуваат своите вештини, туку настанот ја слави и моќта на чкртањето (doodle) како форма на самоизразување. Ние во Бреинстер го цениме дигиталното креативно изразување, а со подемот на дигиталната уметност и технологија, веруваме дека и оваа безвременска форма на уметност заслужува признание и треба да се поддржи. Заедно со Ред Бул се надеваме дека ќе ја инспирираме следната генерација уметници да ја продолжат својата страст и да го покажат својот талент на глобалната сцена. Едукацијата и поддршката на најталентираните е дел од нашата мисија и затоа и ги отвораме вратите од нашите простории за овој значаен настан, изјави Јана Тодоровска од Partnerships тимот на Бреинстер.

Јана Тодоровска од Partnerships тимот на Бреинстер

Најдобрите од „Red Bull Doodle Art“ натпреварот ќе добијат ваучери за Бреинстер aкадемиите за графички дизајн или UX/UI дизајн или пак попуст за школарината на Бреинстер Некст колеџот ако се запишат на додипломски студии на студиската програма по UX/UI и графички дизајн.

Исто така, победникот ќе добие можност за патување во Амстердам, каде ќе работи со артист-ментор на подобрување на своето дело и негова трансформација во ексклузивно НФТ уметничко дело. Победничкиот дизајн во соработка со тимот на SWithADot ќе биде ставен и на дизајн на патики кои ќе бидат пуштени во комерцијална продажба. Пријавувањето за напреварот е достапно на линкот https://win.gs/3YfbQYb, а може да се изврши и при доаѓањето во просториите на Бреинстер на 18 март.бт/са/

Остани поврзан