• четврток, 26 декември 2024

Редовна седница на Владата

Редовна седница на Владата
Скопје, 20 септември 2022 (МИА) - Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната, 83. седница. На седницата, меѓу другото, на предлог на Министерството за внатрешни работи ќе биде разгледан Предлог-законот за ратификација на Рамковната спогодба за финансиско партнерство помеѓу Европската комисија и Република Северна Македонија застапувана од Владата, за посебните постапки за спроведување на финансиска помош од Унијата за Република Северна Македонија според Инструментот за претпристапна помош (ИПА III). На дневен ред е и Информацијата за работата на интер-ресорската консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите за 2021 година, предложена од Министерството за труд и социјална политика. За донесените заклучоци и одлуки од денешната владина седница која е предвидено да почне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение. мч/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан