• сабота, 23 ноември 2024

Регистрирани повеќе од 420 случаи на злоупотреба во Католичка епархија во Есен

Регистрирани повеќе од 420 случаи на злоупотреба во Католичка епархија во Есен

Берлин, 14 февруари 2023 (МИА) - Студија за сексуална злоупотреба во Католичката епархија Есен, Германија документираше 423 случаи на сексуална злоупотреба, многу повеќе отколку што претходно што се мислеше.

Институтот ИПП, со седиште во Минхен, идентификуваше 201 виновник, главно свештеници од областа и други епархии. Во извештајот, за чија изработка беа потребни три години, анализирани се сите лични досиеја, вклучително и тајните досиеја, од основањето на епархијата во 1958 година. Истражувачите направиле бројни интервјуа со жртви, експерти и водачи на епархијата.

Независната студија првенствено се занимава со условите и околностите кои го овозможиле сексуалното насилство на свештениците, во некои случаи во текот на многу години.

- Злоупотребата не е само проблем за сторителите, туку системски проблем во црквата, изјави локалниот бискуп Франц-Јозеф Овербек непосредно пред објавувањето на извештајот.

Епархијата Есен, со околу 720.000 католици во регионот Рур и Зауерланд, се опишува себеси како најмалата епархија по површина во Германија.

Од 2020 година, познато е дека 99 лица во епархијата биле жртви на сексуална злоупотреба, а тогаш биле обвинети 63 свештеници. ми/

Остани поврзан