Регионална конференција на Советите за етика во новинарството: Вештачката интелигенција корисна алатка, но никако креатор на новинарски производ
- На собирот насловен „Градење доверба во медиумите на југоисточна Европа: поддршка за новинарството како општо добро“, во Охрид ќе се разгледуваат позитивните практики во користењето на АИ во новинарството, каде лежат ризиците, кои се алатките што можат да се користат, но и да се пресретнат конфузијата и лажните информации што можат да проилзезат од неконтролирано користење на вештачката интелигенција.
Охрид, 19 мај 2025 (МИА) – Размена на искуствата на новинарите и медиумските куќи од регионот минатата година, етиката во медиумите, слободата на говорот, почитувањето на правилата на игра и новинарските кодекси, како и внесување нови правила што ќе се однесуваат на етичка и транспарентна употреба на вештачката интелигенција (АИ) во новинарството. Тоа се главните теми на дискусија на 4. Регионална средба на претставници на Советите за етика во медиумите од земјите од Западен Балкан и Турција што под покровителство на УНЕСКО овие два дена се одржува во Охрид.
На собирот насловен „Градење доверба во медиумите на југоисточна Европа: поддршка за новинарството како општо добро“, во Охрид ќе се разгледуваат позитивните практики во користењето на АИ во новинарството, каде лежат ризиците, кои се алатките што можат да се користат, но и да се пресретнат конфузијата и лажните информации што можат да проилзезат од неконтролирано користење на вештачката интелигенција.

- Декларацијата што ќе произлезе како документ од овој состанок веруваме дека ќе биде правило што во моментов недостасува во Кодексот на новинарите на Македонија, конкретно по однос прашањето на употребата на вештачката интелигенција, рече Билјана Георгиевска, извршен директор на Советот за етика во новинарството на Македонија.
Георгиевска лично смета дека засега АИ не може целосно да ја замени вистинската новинарска работа, дека истата може да помогне во креирањето медиумски содржини, но никако да биде последниот потписник на новинарскиот текст, рече таа.
Како креатор на масовната појава на проблематични медиумски работници и онлајн портали зад кои стои еден човек таа го посочи изборниот законик кој, како што рече, охрабрува мултиплицирање медиуми со единствена цел - само за да се аплицира за средства за рекламирање програми на предизборни кампањи на политички партии.
Џошуа Масаренти, регионален проект-координатор на УНЕСКО, од своја страна посочи дека новинарството не само во регионот туку и глобално се соочува со многу предзивици, меѓу кои особено се истакнува неконтролираната употреба на вештачката интелигенција во секојдневното работење на новинарските куќи.

- Вештачката интелигенција нуди многу можности за новинарите и медиумите, но носи и многу ризици, ризици од ширење дезинформации, говор на омраза, безбедносни прашања...Тука во Охрид сем да разговараме токму за таквите предизвици и да усвоиме декларација штп ќе поредвидува механизми на саморегулацијата што ќе обезбеди етичка употреба на АИ алатките во медиумите, рече тој.
Професорката Лоренс Диригс од Универзитетот во Брисел од своја страна посочи дека употребата на АИ во новинарската работа секако нуди свои можности, но крајниот производ од тоа зависи од целта што сака да се постигне со објавувањето такви информации.

- Доколку сакате кванитет на вести без квалитет, се разбира дека АИ може да го замени новинарството. Но, доколку сакате да продуцирате квалитетни информации, мора да го направите сами, затоа што вештачката интелигенција не е безгрешна, таа може да произведе стереотипи, погрешни наводи, информации што збунуваат и содржини што погрешно насочуваат, Најчесто таа нуди некакви статистички пресметки, можности, а не критичко мислење. Значи се уште во многу аспекти не може да го замени вистинското новинарство, рече таа.
Што се однесува на квантитетот на присуствувото на новинарски производи во медиумите во регионот, посочено е дека таа е многу поприсутна отколку што самите уредници и сопствениците на медиумите сакаат да признаат.

- Во Србија, верувам и во останатите земји од регионот, новинарите воглавно велат дека ја користат АИ само повремено или ретко, најчести за избор на теми, бекграунд на информации, превод и слично...Но, ние мислиме дека тоа го прават многу почесто и во поголем обим. Проблем е во тоа што тоа се прави нетранспарентно, без да се наведе дека во креирањето новинарски производ е користена АИ алатка, рече Гордана Новаковиќ, генерален секретар на Советот за печат на Србија.
Како уште поголем проблем за новинарите во иднина е посочено дека ќе се прават обиди нивната работа да биде заменета со производи на вештачка интелигенција.
- Не само што ќе се прават обиди за намалување на бројот новинари во медиумите, туку тоа директно ќе донесе послаб квалитет на медиумските производи. Немаме идеја да спречиме употреба на АИ, но тоа нека биде само алатка, а не нешто што треба да биде доминантно во креирањето новинарска содржина. Секако тука мора да има човечки фактор што ќе врши контрола што таа ваштачка интелигенција работи, рече таа. аб/
Фото: МИА