• сабота, 23 ноември 2024

Регионален центар за згрижување бездомни миленици и ветеринарно здравство во Кавадарци

Регионален центар за згрижување бездомни миленици и ветеринарно здравство во Кавадарци

Скопје, 28 април 2023 (МИА) - Со промоција на регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство, Министерството за локална самоуправа денеска ќе презентира инвестициски проект кој има за цел да промовира одржлив и инклузивен регионален развој.

Како што информираат од министерството, овој проект има за цел да воспостави одржлив систем за згрижување на бездомните кучиња и обезбедување ветеринарна грижа за домашните миленици во регионот.

На промоцијата ќе се обратат министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и градоначалникот на општина Кавадрци, Митко Јанчев.

Од МЛС велат дека со градење на стационарот за бездомни кучиња, лоциран на територија на општина Кавадарци, Владата го решава проблемот со згрижување на бездомните кучиња во девет општини од Вардарскиот плански регион.

Центарот за развој на Вардарскиот плански регион е поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Влада преку Швајцарската агенција за развој и соработка, а активноста се спроведува како дел од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ фаза II. ар/лв/

фото: МИА архива

Остани поврзан