• сабота, 23 ноември 2024

Ребиќ нема да игра против Рома, Чалханоглу неизвесен

Ребиќ нема да игра против Рома, Чалханоглу неизвесен
Милано, 25 октомври 2020 (МИА) – Тренерот на Милан, Стефано Пиоли информира дека Анте Ребиќ нема да игра на претстојната средба со Рома во 5. коло од Серија А. - Добро ја започнавме сезоната и треба да продолжиме во истиот дух. Имаме натпревар со силен противник кој победи на 5 од последните 6 средби на гости. Тие имаат тренер кој заврши добра работа во нивната прва сезона во Италија, имаат силни млади играчи како Кумбула и им се придружи квалитетен фудбалер како Педро. Рома е амбициозна, но и Милан. Ќе биде интересна игра и тежок испит за нас. Важно беше да се зголеми конкуренцијата во Милано и да се потпишат силни млади играчи. Раководството заврши добра работа во стекнувањето со овие играчи. Тие ќе ни помогнат да го подобриме нашето ниво, бидејќи секој разбира дека ако се претстави подобро од својот партнер, нивните шанси за настап ќе се зголемат. Чалханоглу и Ребиќ продолжуваат со закрепнувањето. Ребиќ нема да игра утре, ќе ја следиме неговата состојба во наредните денови. Ќе го разгледаме Хакан на следните тренинзи. А сепак тешко дека ќе игра утре, изјави Пиоли. Дуелот Милан – Рома е закажан за утревечер во Милано со почеток во 20.45 часот. зс/

Остани поврзан