• недела, 28 јули 2024

Реал подобар од Јувентус, Барселона од Њујорк

Реал подобар од Јувентус, Барселона од Њујорк
Пасадена, 31 јули 2022 (МИА) – Шпанските фудбалски гиганти Реал Мадрид и Барселона забележаа победи во пријателските натпревари на претсезонската американска турнеја, откако актуелниот европски првак беше поуспешен од Јувентус со 2-0, додека каталонскиот клуб со истиот резултат го совлада Њујорк. Стрелци за Реал на дуелот одигран во Пасадена беа Карим Бензема во 19. минута од пенал и Марко Асенсио (69). Барселона во Њу Џерси беше поуспешна од Њујорк со головите на Усман Дембеле (40) и Мемфис Депај (87). ег/паг/

Остани поврзан