• петок, 22 ноември 2024

Реал Мадрид ќе даде објаснување за бојкотот на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“

Реал Мадрид ќе даде објаснување за бојкотот на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“

Мадрид, 29 октомври 2024 (МИА) - Раководството на Реал Мадрид планира на своите навивачи да им ја објасни одлуката за бојкот на доделувањето на „Златната топка“. Ова ќе се случи на 24 ноември, кога претстои Генералното собрание на клубот, тврдат од КОПЕ.

Како што е познато, „лос бланкос“ не испрати ниту еден претставник во Париз откако дозна дека Винисиус Жуниор ќе остане втор во поредокот за „Златната топка“.

Во оваа фаза, сите во Реал се фокусирани да го кренат тимот на нозе по тешкиот пораз од Барселона со 4-0. Сепак, од клубот се цврсти на ставот дека не ги одобруваат критериумите според кои е одреден победникот во анкетата на магазинот „Франс фудбал“.

Наградата стана сопственост на играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри, а четворката ја комплетираа тројца играчи на Реал - Винисиус Жуниор, Џуд Белингам и Даниел Карвахал.

Бојкотот на шпанските гиганти предизвика многу критики, а претставник на магазинот „Франс Фудбал“ изјави дека бил притиснат од Реал Мадрид да ги објави конечните резултати од гласањето. дс

Фото: Архива

Остани поврзан