• четврток, 15 мај 2025

Реал Мадрид со една грижа помалку: Менди ќе игра против Барселона

Реал Мадрид со една грижа помалку: Менди ќе игра против Барселона

Севиља, 25 април 2025 (МИА) - Реал Мадрид ќе биде без Едуардо Камавинга за финалето на Купот против Барселона во сабота (22:00 часот) во Севиља и до крајот на сезоната, но тренерот Карло Анчелоти може да здивне бидејќи утре може да смета на Ферланд Менди.

Францускиот лев бек се опорави, успешно ги заврши сите прегледи и тренинзи и утре ќе биде стартер заедно со Федерико Валверде, Антонио Ридигер и Асенсио.

Искуството на Французинот ќе биде вредно во задната линија бидејќи Фран Гарсија тешко се справува со натпревари под висок притисок, како што е дуелот со Барселона.

Менди очекува многу спринтови против Ламин Јамал, но офанзивните карактеристики на Французинот ќе значат и дека брилијантниот крилен напаѓач на Барселона ќе мора да се грижи и за одбраната. дс

Фото: Архива

Остани поврзан