Реал Мадрид размислува да го привлече Енцо Фернандез
- Реал Мадрид го реновира средниот ред во последните три години, Тони Крос беше заменет со Џуд Белингем, Лука Модриќ има алтернативи во Едуардо Камавинга и Орељан Чуамени, но медиумите во Шпанија посочуваат дека еден од споменатите двајца Французи би можел да биде продаден.

Мадрид, 17 март 2025 (МИА) - Реал Мадрид го реновира средниот ред во последните три години, Тони Крос беше заменет со Џуд Белингем, Лука Модриќ има алтернативи во Едуардо Камавинга и Орељан Чуамени, но медиумите во Шпанија посочуваат дека еден од споменатите двајца Французи би можел да биде продаден.
Ниту Чуамени, ниту Камавинга не задоволија во однос на својот развој, медиумите веќе некое време навестуваат за доведување на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен, а денеска беше објавена веста дека се заинтересирани и за Енцо Фернандез.
Аргентинецот игра одлично под водство на Енцо Мареска, почна да ги оправдува вложените 121 милион евра во него, а се наметна и како лидер на тимот. Тој е најблискиот профил на Лука Модриќ и од играчка перспектива може да биде столб на „кралскиот клуб“ покрај Федерико Валверде и Џуд Белингем.
Сепак, прашање е дали Челси сака да го продаде, бидејќи тешко дека ќе најдат адекватна замена на пазарот. Покрај тоа, се споменува и можна размена со Реал Мадрид за Орелана Чуамени. Јуни е веднаш зад аголот, ќе видиме дали има вистина во овие гласини на трансфер пазарот. дс
Фото: Архива