• сабота, 24 август 2024

Реал и Барселона елиминирани од Копа Дел Реј

Реал и Барселона елиминирани од Копа Дел Реј
Билбао, 7 февруари 2020 (МИА) - Шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид испаднаа од Кралскиот куп на Шпанија. Атлетик Билбао ја исфрли Барселона, а Реал Сосиедад го надмина Реал Мадрид. Во Билбао на стадионот „Сан Мамес“ скоро 50.000 гледачи беа сведоци на победа од 1:0 над екипата од Каталонија. Барса имаше теренска предност, како и повеќе удари кон противничкиот гол, но не успеа да реализира ниту една позиција, додека Баскијците успеаја да ја затресат противничката мрежа во 93-тата минута, кога прецизен беше Ињаки Вилијамс. Реал Мадрид пак претрпе пораз од Реал Сосиеда со 3:4 на „Сантијаго Бернабеу“ пред 64.000 навивачи. Мартин Јодегард им донесе предност на гостите во 22-та минута, а 20-годишниот Александар Исак постигна два гола во рок од две минути на почетокот од второто полувреме. Марсело врати еден гол во 59-та минута, но со голот на Микел Мерино во 69-тата веќе беше 4-1 за Сосиедад. Реал Мадрид се мачеше и до крајот постигна уште два гола, чии автори станаа 18-годишните Родриго и Начо Фернадес. Во полуфиналето Реал Сосиедад ќе игра со Атлетик Билбао. Финалниот натпревар за Копа дел Реј ќе се одржи на 18 април во Севиља.

Остани поврзан