• четврток, 03 октомври 2024

Реал заработи 800 илјади евра на првиот ден од продажбата на дресови на Мбапе

Реал заработи 800 илјади евра на првиот ден од продажбата на дресови на Мбапе

Мадрид, 13 јули 2024 (МИА) - Реал Мадрид продаде седум илјади дресови со името на Килијан Мбапе на првиот ден од продажбата, објави „El Chiringuito“. Приходот изнесува 800 илјади евра.

Промоцијата на 25-годишниот Французин како играч на мадридскиот клуб ќе се одржи на 16 јули. Како гостин ќе гостува поранешниот играч и тренер на „Кралевите“ Зинедин Зидан.

Откриени се детали од претставувањето на Мбапе во Реал Мадрид. Се очекуваат 80 илјади гледачи.

Реал Мадрид за трансферот на Мбапе објави на 3 јуни.

Во сезоната 2023/24, мадридскиот клуб стана шампион на Шпанија и ја освои Лигата на шампионите. зс/

Фото: Фејсбук Реал

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан