Реал загуби од Албасете во дебито на Арбелоа
- Реал Мадрид загуби од Албасете со 3:2 во осминафиналето на Купот на кралот. Натпреварот се одигра синоќа на стадионот „Карлос Белмонте“ во Албасете.
Албасете, 15 јануари 2026 (МИА) - Реал Мадрид загуби од Албасете со 3:2 во осминафиналето на Купот на кралот. Натпреварот се одигра синоќа на стадионот „Карлос Белмонте“ во Албасете.
По нерешените 1:1 во првото полувреме, домаќините поведоа во 82. Минута преку Хефте Бетанкор. Во судиското продолжение Гонзало Гарсија израмни, а победата на Албасете ја донесе Бетанкор во 90+4.минута.
Ова е големо изненадување со оглед на тоа што Албасете е 17. во втората лига на Шпанија, а Реал втор во Ла Лига.
Ова беше првиот натпревар на мадридскиот тим под водство на новиот тренер Алваро Арбелоа, кој го замени Чаби Алонсо во текот на неделата.
Албасете се пласираше во четвртфиналето, додека Реал Мадрид е елиминиран. зс/
Фото: ЕПА