• сабота, 23 ноември 2024

Реал го доби „Ел Класико“ и се врати на чело на Ла Лига

Реал го доби „Ел Класико“ и се врати на чело на Ла Лига
Мадрид, 1 март 2020 (МИА) - Реал Мадрид се врати на врвот во Ла Лига, откако го совлада нивниот голем ривал Барселона со 2:0 на „Сантијаго Бернабеу“. На трибините беше и поранешната ѕвезда на „белите“ Кристијано Роналдо, кој се чини им донесе среќа на „кралевите“. Двете екипи поделија по едно полувреме откако Каталонците пред паузата испуштија најмалку три чисти позиции. Во вториот дел, сепак избраниците на Зинедин Зидан притиснаа и по неколку додавања стигнаа до гол на Виничиус во 71. минута. Во дополнителното време, Маријано Дијаз ја потврди победата со втор гол по неговиот прв допир на топката. Така, Реал Мадрид се врати на врвот во пласманот со 56 поени, веќе еден пред втората Барселона, а битката за титулата во следните 12 рунди ќе биде немилосрдна. Уште пред да започне мечот, беа постигнати неколку лични достигнувања. Серхио Рамос стана играч со најмногу настапи во „Ел Класико“ - 44. Лео Меси со 43 одиграни натпревари во дербито на Шпанија го подобри рекордот на Шави. Од друга страна, Карим Бензема излезе на натпреварот број 500 со екипата на Реал Мадрид.

Остани поврзан