• вторник, 24 декември 2024

Реализирани едукативни активности за заштита од пожари на отворен простор во Берово

Реализирани едукативни активности за заштита од пожари на отворен простор во Берово
Берово, 18 август 2022 (МИА) - Во Берово се реализираа активности за едукација на населението за превенција од пожари на отворен простор. Во акцијата учествуваа мешана патрола со претставници на Одделението за внатрешни работи Берово, шумска полиција, Јавното претпријатие „Национални Шуми” и Територијалната противпожарна единица Берово. - За време на едукацијата, беше посочено дека се уште важи забраната за движење во шума и дека дозволи за движење, граѓаните можат да извадат од ЈП „Национални Шуми”- подружница Берово, на капија или од реонскиот шумочувар, информираа од Општина Берово. Оттаму апелираа граѓаните да внимаваат како се движат низ шума, со цел да не се предизвика пожар, од кој последиците можат да бидат катастрофални. - Доколку забележат било каков чад или оган да пријават на новиот број 112 кој е европски број за итни повици. Воедно се информира населението, дека во функција сè уште е и бројот 193 на кој исто така може да се пријави евентуална појава на пожар, посочија од општината. вс/фф/

Остани поврзан