• сабота, 23 ноември 2024

Реакција на СДСМ на прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на СДСМ на прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ
Скопје, 5 февруари 2022  Во паника од нарушениот рејтинг на нивните градоначалници и во обид да го прикријат нивното неработење ВМРО-ДПМНЕ секојдневно пласира измислици и лажни вести.
Таква е и денешната прес-конференција околу инсталирањето на соларни системи на објекти на Министерството за внатрешни работи.
Како што објави и МВР и во двете спроведени постапки за конкретната набавка, критериумите биле исти односно се барале минималните услови за докажување на способност од Законот за јавни набавки и не постоел ниту еден дополнителен критериум. За двете спроведени постапки не било поставено ниту едно прашање пред јавното отворање, ниту пак е поднесена жалба за тендерската документација или жалба на одлуката за поништување на првата односно избор во втората постапка.
Ништо ново од белиот дворец, наместо да го поздрави чинот на еколошка трансформација на објекти на МВР, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го прави она што единствено го знае - да ја манипулира јавноста.
СДСМ Центар за комуникации со јавноста
_________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан