• понеделник, 26 август 2024

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Александар Николоски

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Александар Николоски

Скопје, 8 ноември 2021

До вчера Христијан Мицкоски се силеше дека има ново парламентарно мнозинство, а денеска го пушти Александар Николовски да се бламира со иницијативата за која не се знае дали има мнозинство или веќе му испари.

Деновите пред нас ќе покажат дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат доволно пратеници за излгасување недовреба за Владата или не.
СДСМ продолжува да разговара и да иницира соработка со сите прогресивни и демократски сили, со цел да ја обезбедиме стабилната иднина на нашата држава и целиот наш народ.
Заедно, демократските, проевропски партии нема да дозволиме само заради пуста желба за власт, Мицкоски, Апасиев и Груевски државата да ја носат низбрдо, а народот да страда.
Нема да дозволиме загрозување на  постигнатото, на Договорот од Преспа, на Охридскиот рамковен договор, на Договорот за доброседство со Бугарија, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите.
Имаме заедничка кауза, граѓанска и државничка, зад која стои огромното мнозинство наши граѓани но и пратеници.
Нашите заеднички вредности се демократијата, слободата и заедништвото и тие се многу посилни од заедничките интереси на Мицкоски, Села  и Апасиев кои сакаат државата да ја вратат назад, во времето на изолација, поделби и омраза.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивнатасодржина, ниту за евентуалните правописнинедоследности или печатни грешки.

Остани поврзан