• сабота, 06 декември 2025

Реакција на СДСМ на изјавата на премиерот Мицкоски за поврат на ДДВ

Реакција на СДСМ на изјавата на премиерот Мицкоски за поврат на ДДВ

Скопје, 14 јули 2025 

Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни со повратот на ДДВ кон фирмите и граѓаните. Наместо да ја заврши работата на институциите, Мицкоски им порача на фирмите кои чекаат со месеци да му се јават нему лично.

Ова е уште една потврда дека државата е претворена во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, каде наместо институционални решенија, на граѓаните и компаниите им се нуди партиски телефон на премиерот.

Срамно е премиер на една држава да им порача на граѓаните и фирмите кои со месеци чекаат свои пари дека „ако имаат проблем, нека му се јават“. Ова не е приватна фирма на Мицкоски, туку држава со закони и институции, кои денес се ставени во служба на неговата пропаганда, а не на народот.

Додека фирмите чекаат пари за да исплатат плати и да опстанат, Мицкоски шета по автопати и дели изјави дека „немало проблем“.
Најмалку што може да направи е да ги забрза исплатите и да им се извини на сите на кои државата им должи.

Граѓаните и фирмите не му должат ништо на Мицкоски за да му се јавуваат – тој им должи

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан