• среда, 25 декември 2024

Реакција на коалицијата Влен на соопштение на ДУИ

Реакција на коалицијата Влен на соопштение на ДУИ

5 декември 2024 

За што точно зборува ДУИ кога говори за „нови стандарди на отчетност“?! Кое партиско тело во ДУИ некогаш направило „тест за интегритет и транспарентност“ и спровело „ветинг“ против корупцијата во ДУИ?! Кои се „новите стандарди за транспарентност и одговорност“ и кој во ДУИ ги поставил и ги имплементирал истите?!

• Дали се тоа стандардите врз основа на кои членовите на семејството на лидерот на ДУИ го купија Трговскиот Центар „Соравија“?!
• Дали транспарентноста и одговорноста беа начинот според кој раководството на ДУИ стана синоним за перење пари во скандалот „ЛОТАРИЈА“?!
• Дали „ветингот“ беше филтерот преку кој Ислам Абази од Зајас стана Обвинител за организиран криминал и корупција?!
• Кои стандарди за транспарентност ги исполнуваше „ЕУРОВИА“ кога ги добиваше сите главни тендери на државните институции?!
• Преку кои антикорупциски филтри помина „ПАЦИЕНТОТ“ – Доктор Министерот за фотографирања и самопромоција без содржина и без резултати?!

Навистина, луѓето не се наивни! Што мислат Албанците се докажа на 8 мај, кога ниту полицијата, ниту заканите, ниту милионите со сомнително потекло не ги спасија од пораз на изборите министрите кои играа фудбал по институциите на народот. Албанците добро знаат дека зад пламената „патриотска“ реторика се кријат чисто финансиските интереси на кланот на политичките олигарси на кои им чука на врата одговорноста за корупција!

Ја повикуваме ДУИ: наместо утопија и празни зборови, наместо лаги за наводни принципи на транспарентност и ветинг кои оваа партија никогаш не ги имплементирала, нека се соочи со своите злоупотреби и нека се реформира. Време е конечно да ја прифатат одговорноста за своите неуспеси и да се реформираат. Додека пак логиката според која во политиката некој на некого „му дава функции“ или „му ги одзема“ зборува само за комунистичкиот менталитет кој за жал продолжува да доминира во оваа политичка партија.

Коалиција Влен

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан