Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Министерството за здравство
- Филипче, полека нема потреба од хистерија, народот на своја кожа осети што има, а што не во болниците.

Скопје, 3 април 2021
Филипче, полека нема потреба од хистерија, народот на своја кожа осети што има, а што не во болниците.
Филипче очигледно заборава дека пациентка умре во Штип затоа што немаше кој да и даде кислород.
Филипче е глава на систем во кој се вакцинира преку ред.
Со недели немаше клексани. Народ примаше инфузии во болнички дворови, а живи луѓе лежеа со починати.
Филипче е човекот кој го урниса здравството.
Наместо да набавува вакцини, Филипче лета со хеликоптер и вози мотори со Заев.
Филипче, џабе смислуваш лаги, кој да ти верува? Па народот на своја кожа ја чувствува твојата неспособност. Еден добар совет од ВМРО-ДПМНЕ, не го лути народот со твоите лаги, ако не те бива дај си оставка.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.