Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес - конференцијата на Мартин Костовски
- СООПШТЕНИЕ: СДС се тие без кои Талат Џафери немаше да стане премиер.

Скопје, 31 јануари 2024
СДС се тие без кои Талат Џафери немаше да стане премиер.
Без пратениците на СДС, ДУИ можеше само да фантазира за премиер.
СДС 7 години го држи ДУИ во влада.
Сите криминали кои ДУИ ги направи се со помош на СДС, се со една цел, за да имаат пар министри и Ковачевски да биде премиер.
СДС подолг период наназад ја продава државата.
Недовербата во судството, партизацијата, криминалот и корупцијата се последица на владеењето на СДС и ДУИ.
ВМРО-ДПМНЕ влезе во техничка влада затоа што тоа е законска обврска, која СДС и ДУИ не сакаа да ја променат. И на СДС и ДУИ им беше потребна техничката влада за полесно да го изберат Џафери за премиер.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.