• вторник, 24 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес - конференцијата на Дарко Каевски 

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес - конференцијата на Дарко Каевски 

Скопје, 18 февруари 2024

Јавноста можеше да види дека МВР/СДС е претворена во институција која миже пред криминалот, која дозволува корупцијата вртоглаво да расте и овозможува подземјето да царува со државата.

Наместо како сервис на граѓаните, тие дозволуваат нарко бандите слободно да си го шират бизнисот, да се пресметуваат среде бел ден во центарот на градот, да се случуваат мафијашки ликвидации во локали, најголеми белосветски криминалци да добиваат македонски пасоши, а во исто време своите граѓани да не можат лична исправа да си извадат.

Целото фијаско кое и се случува на оваа власт на ДУИ и СДС мораат на некој начин да го дефокусираат и затоа селективно бираат инциденти кои ги форсираат за медиумите. Кога веќе СДС сака да зборува за владеењето на правото нека одговори зошто не се расветлени нарко и пресметките и убиствата; зошто нема разрешница за случајот со петардите на Дрин Ахмети, зошто нема ништо за кражбата на оружје од депото на МВР во Охрид, луксузното патување на заменик министерот Буши, кражбите на марихуана, пукањата од калашников на полициски командир на прослави, зошто нема разрешница на тепањето на Бислимовски од страна на синот на Муса Џафери и десетици други случаи кои МВР на СДС и Спасовски ги премолче, што заради неспособност, што свесно заради измеќарењето кон ДУИ.

Да ги потсетиме СДС дека ваков сличен настан се случи и во 2016 година, кога лице од најблиското обезбедување на Зоран Заев претепа 10 лица од кои дел и малолетници и истиот случај МВР не го заведе ниту во билтен иако бил уредно пријавен. Во тоа време медиумите добиваа закани вестите за овој случај да ги повлекуваат, закани кои ги упатувал адвокатот на Заев. Дури после притисокот на јавноста признаа, но никој не дозна дали и како одговараше обезбедувањето на Заев за претепувањето на децата.

За разлика од СДС, која заташкува или премолчува работи, ВМРО-ДПМНЕ веднаш реагира и бара бескомпромисна реакција на институциите и спроведување на законот. Впрочем така и ќе продолжиме во иднина. Ова е порака до сите кои ќе се огрешат пред законот. Без разлика кои се и од каде се, сите ќе одговараат и нема да бидат толерирани. Тоа важи за членовите на ВМРО-ДПМНЕ и за сите останати граѓани. Многу скоро во тоа ќе се увери и јавноста, СДС, ДУИ и сите останати политички субјекти во Македонија.  Нема да има милост кон никој што ќе се огреши пред законот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

ФОТО: МИА Архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан