• четврток, 26 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Цветановска од СДСМ

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Цветановска од СДСМ

8 декември 2024 

Лицемерно е од СДС да слушаме неосновани критики за стандардот на граѓаните. СДС седум години не им текнуваше за стандардот на граѓаните, туку се интересираа за тендери за да го пополнат својот, а испразнат џебот на граѓаните. 

СДС зборува за стандардот на граѓаните, а не можеа да обезбедат плати на вработените во Национални шуми и АД Водостопанство со месеци. 

Лицемерно е СДС да зборува за животниот стандард, а токму тие, наместо да го подобрат животот на граѓаните, секојдневно бевме сведоци на протести од скоро сите синдикати и претпријатија во државата.

Инфлацијата во време на СДС беше двоцифрена, а платите ниски, додека сега, инфлацијата е 3,5% и платите се зголемуваат. 

На СДС во нивниот мандат не им паѓаше на памет да го подобрат стандардот на граѓаните, туку да работат во интерес на Заев и фирмите блиски до него. 

Потрчкото на Заев, Филипче, ако толку е загрижен за граѓаните, ќе успееше во тоа. 

Наместо да прави проценти од договори за вакцините и да не се даваше вода наместо физиолошки раствор на граѓаните во болниците, граѓаните ќе имаа подобро здравсто.  

Заврши времето на "како до сега". Доаѓаат подобри и поквалитетни времиња, во интерес исклучиво на граѓаните.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан