• сабота, 21 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Миле Талески

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Миле Талески

5 јули 2023 

СДС очајно се обидува да дефокусира од криминалот и корупцијата во нивните редови и во редовите на нивните газди од ДУИ. Народот веќе ги прочита. Секогаш кога СДС и ДУИ се заглавени во некој скандал, се инстументализира судството и обвинителството да ги вади и спасува. Затоа довербата о правосудството е во слободен пад. Правосудните органи се користат од страна на ДУИ и СДС или да прават театар и да се пресметуваат со неистомисленици или да бидат заштитници на криминалот на партиите од владата на Ковачевски.

Но колку тие пониско удираат, толку им паѓа нивниот рејтинг и толку побрзо се ближи крајот на оваа власт. И јавноста и граѓаните се свесни дека во периодот кој следи, ќе зачестат овие епизоди на злоупотреба на судството со цел да се спаси рејтингот на власта и да се врши притисок врз ВМРО-ДПМНЕ, но тоа нема да им помогне. Ниту ВМРО-ДПМНЕ ќе отстапи од националните и државните интереси, ниту Ковачевски, СДС и ДУИ ќе се спасат од судот на народот. Потоа ќе следи неселективната борба против криминалот и корупцијата. Тоа е она од кое СДС се смртно исплашени.

Со почит,  

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан