• понеделник, 23 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Зоран Заев

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Зоран Заев
Скопје, 20 август 2020 Заев нема ништо ново да понуди, имаме влада со транзициски кадри, кои ќе продолжат со криминал и корупција Зоран Заев вечерва покажа дека нема што ново да понуди. Вечерва само покажа дека наредниов период СДСМ ќе продолжи по истиот пат, по патот на криминалот, корупцијата и рекетот со истите транзициски кадри. Луѓето кои ја презадолжија државата и овозможија милионски профит за фирмите на Заеви, луѓето кои оставија илјадници на улица, пропаднаа банки и спроведоа масовен грабеж не можат да бидат иднината на Македонија. Заев само ќе го појача криминалот. Спасовски кој е најнеуспешен министер во МВР повторно ќе раководи со ова министерство, исто и Шекеринска и Филипче тоа се луѓето кои не можат да ја водат државата напред, само назад. Бочварски кој делеше тендери на татко му додека беше градоначалник сега ќе има можност тоа да го прави преку министерството за транспорт. Шахпаска ќе си ги довработи роднините, Маричиќ ќе го разграни кланот во судството. Артан Груби и Бујар Османи кои ја нарекуваа СДСМ тендерашка партија и дека нема да му простат на Заев за навредите кон ДУИ повторно наведнаа глава и седнаа мирно. Македонија доби влада која e интересна заедница на две партии, односно двајца луѓе и желбата за профит на малкумина. Македонија со СДСМ-ДУИ само ќе тоне. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан