• вторник, 24 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дарко Каевски

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дарко Каевски

26 февруари 2024 

Нема збор кој може да опише колку во СДС немаат интелигенција, слободно може да поднесат апликација за Гинис.

СДС го потпиша договорот за промена на името, ги смени сите закони, веруваше експресно членство во ЕУ. Резултатот 5 години потоа, никогаш не сме било подалеку од ЕУ.

СДС само штета прави за државата.

Исто како за промената на името, сега прави и за промената на уставот.

Нема позиција на државата која не ја уништија, и нема ниво кое не го пробија.

Со СДС и ДУИ сме на врвот на листите на мизерија, пред нас се држави како Алжир, Тунис и Нигерија. Со СДС и ДУИ се пука по улици, и нема одговорност за убиства. Со СДС и ДУИ се крадат десетици милиони од РЕК.

Партијата која Каевски го направи милионер ставајќи го пратеник ја уништи Македонија. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

Со почит,
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан